Вината на „Тиквеш“ со 22 медали и награди на натпревари во Лондон

Bez autora
May 21 2013

Врвните македонски вина на винарската визба „Тиквеш“ освоија дури 22 награди и високи признанија на двата најпрестижни светски вински натпревара, кои се одржуваат во Лондон, Велика Британија. На јубилејниот 30-ти меѓународен вински натпревар IWC - International Wine Challenge 2013 вината на „Тиквеш“, во конкуренција од над 10.000 висококвалитетни сорти и видови вина од целиот свет, освоија по четири сребрени и бронзени медали, а три вина беа специјално истакнати како особено квалитетни. На вториот натпревар - Decanter World Wine Awards 2013, на кој оваа година учествуваа над 14.000 вина од производители од 57 земји во светот, вината на „Тиквеш“ освоија еден сребрен медал и три бронзени, а дури седум вина од страна на жирито беа особено истакнати за нивниот врвен квалитет.

Вината на „Тиквеш“ со 22 медали и награди на натпревари во ЛондонВрвните македонски вина на винарската визба „Тиквеш“ освоија дури 22 награди и високи признанија на двата најпрестижни светски вински натпревара, кои се одржуваат во Лондон, Велика Британија.

На јубилејниот 30-ти меѓународен вински натпревар IWC - International Wine Challenge 2013 вината на „Тиквеш“, во конкуренција од над 10.000 висококвалитетни сорти и видови вина од целиот свет, освоија по четири сребрени и бронзени медали, а три вина беа специјално истакнати како особено квалитетни. На вториот натпревар - Decanter World Wine Awards 2013, на кој оваа година учествуваа над 14.000 вина од производители од 57 земји во светот, вината на „Тиквеш“ освоија еден сребрен медал и три бронзени, а дури седум вина од страна на жирито беа особено истакнати за нивниот врвен квалитет.

- Исклучително сум задоволен што успеавме не само да го повториме туку и да го надминеме успехот од минатите години што го постигнаа нашите вина на двата најголеми и најреномирани светски натпревара за вино. Овие награди во Лондон уште еднаш ги оправдуваат стратегијата на „Тиквеш“ и работата во креирањето автентични, висококвалитетни врвни вина од Македонија - изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“.

На двата најголеми светски собира на најквалитетните вина во светот со сребрен медал се закитија белите тероар вина „бела вода“ и „барово“ од минатогодишната берба, како и „мускат отонел спешл селекшн“; „ркацители спешл селекшн“ и „совињон блан спешл селекшн“, исто така од бербата во 2012. Белата и црвената верзија на виното „бела вода“, како и белото „барово“ се закитија и со бронзени медали, кои им беа доделени и на вината од серијата „александрија куве“ во бела и во розе-верзија од минатогодишната реколта, како и црвеното вино „т’га за југ“ од бербата во 2011.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik